АктуелноОхрид

Приведен Украинец – се однесувал агресивно кон вработените и гостите во хотел на Кеј „Македонија“

На 05.07.2022 година во 01 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина. Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

извор: СВР