АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО и ФОТО) Започна со работа Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид

Од денес почнуваат да функционираат и охридските пливачки школи со одржување часови за најмладите. До овојмомент пријавени се околу 300 деца, од кои едни ќе се учат да пливаат,додека други ќе ги усовршуваат пливачките техники, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Како Локална самоуправа успеавме за кратко време да го санираме базените, односно да се обојат коритата на олимпискиот и детскиот базен. Реконструкцијата на базенот е инвестиција на Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвестиции во уредувањето на просторот околу базенот. Уредени се и трибините кои беа вораспаѓање. Сето ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца. Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови.


Како долгогодишен спортист, сакам да испратам една порака до сите оние кои денес за прв пат ќе се сретнат со пливањето, но и до оние поискусните:
„Никогаш, ама никогаш немојте да се плашите да изгубите. Единствен начин да докажете дека сте добри во спортот е да изгубите и со кренати глави да гоподнесете поразот. Бидејќи тоа ќе ви укаже каде грешите и каде треба да се подобрите. Надградувајте се постепено и успехот ќе биде неизбежен.“

фото: ФБ Кирил Пецаков