На 01.07.2022 година, СВР Охрид, заедно со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Министерството за животна средина, одржаа работен состанок со угостителите и другите хотелско-туристички работници. Со ова, СВР Охрид, на целото подрачје, ја отпочна кампањата „Безбедно лето“ чија цел ќе биде, примена на мерки за јакнење на комуникација и соработка помеѓу полицијата и угостителските објекти и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана на присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност како и доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи.
Полициските службеници, псебно ја нагласија потребата од навремено информирање кога има настан поврзан со нарушување на јавниот ред и мир со цел нивно навремено спречување. Во рамките на кампањата „Безбедно лето“, СВР Охрид ќе реализира и други превентивни мерки и активности заради поголема заштита на граѓаните од кражби по домови, плажи и на други јавни места.
извор: СВР Охрид
фото: СВР Охрид