АктуелноОхрид

Охриѓанецот Ѓорги Љатко раскажува за Охриѓани и плажите во Охрид некогаш – за плажата кај ПТТ, Лабино, Канео …

Месец јуни, најбрезгрижен период за деца.Главен муабет беше кога ќе ојме на плажа.
Првата плажа ни беше Палас к’j дрвеното пристанишче. зато шо беше плитко.За да ојш на крајот од пристанишчето се плашчаше и таму одеа поголемите.
Ко пораснавме малку, почнавме да ојме ПТТ, таму е подлабоко. Од „Горна Влашка Мала“ идаја по улицава „Јане Сандански„ која околу ручек беше полна со деца кои одеа на плажа. Тогаш ногу немаше автомобили и по улица се одеше слободно.Појќето за на плажа носеа внатрешни гуми од камиони кои ги тркалаа по улиците, пишува на ФБ страната Муабети за Охрид и околината, Ѓорги Љатко.

Во објавата тој раскажува:

Главна градска плажа беше меѓу Палас и околу ПТТ. Тука се береше најпојќе народ.Меѓу две к’пејна се играше лопка на кејот. Се продаваа ченки,сливи,Имаше еден Битолчанец,се викаше Спирче.Беше низок, дебел, секогаш одеше со бели куси пантоли.Тој продаваше цело лето семки по плажите. Цело лето беше во Охрид, го памтам по то шо земаше соби за престој во комши к’j нас. Навечер беше секогаш во Палас на музика.


На плажа а и цело лето одевме боси, по некое време се појавија едни пластични сандали (плави, жолти, бели,,,).Се купвеа од продавницата „Југопластика“ сред чаршија к’ј Номче Тунте.
Варошаниве главно одеа на плажа Канео и Лабино, поретко на Сараишче и Ј’но. Во Канео , главна плажа беше меѓу куќите и црквата Свети Јон.Потпеш, немаше ногу место, зато шо тука Каневчани ги креваа кајчината.Главни ликови во Канео беа тие шо скокаа од Кукуле, а важно беше и да испливаш далеку и од езеро да го видиш Стар Свети Климент (Имарет).
Лабино , главно одеа Варошани шо живееа околу Горна порта и Свети Врачи и таму имаше најчиста вода.


На малите плажи во карпите меѓу Канео и Лабино („Смоква“, „ О хо хо“ ,,,) се одеше со кајче и таму одеа поголемите, таму помаливе немавме секогаш пристап.
Меѓу ПТТ и Канео, цело време шетаа кајчина а ногу п’ти од тие кајчина се свиреше музика – главно на гитара. (Шуле мојт да раскажит појќе за ова).
На плажите околу Грашница одев ретко зато шо беше далеку.Таму одеа главно тие шо живееја Воска.


Во то време , во Горица и Синдикални одеа тие чии родители имаја лимузини а такви не беа ногу.Таму почнавме да ојме ко потпораснавме и то главно автостоп. Се чекаше к’ј лебарана Гимназија.Појќе пати одевме со точаци преку стариот дрвен мост.Се одеше околу ручек, пред то ќе к’сневме сирејне и патлиџан.Не чекавме да се напрајт ручекот за да не изгубиме од плажата.
Градишче беше резервирано за Скопјани ,а беше најуба плажа.Таму да ојш автостоп беше ризик, зато шо потешко се најдвеше кола за назад.
После плажа, вечерта се знаеше се ојт на корзо, па висевме на џиздината Палас, ПТТ, Ривиера к’ј шо имаше музика.

извор: Ѓорги Љатко ФБ Муабети за Охрид и околината

фото: ФБ Охрид кој веќе го нема 

фото:Глас за спас на Охрид