АктуелноОхрид

Советникот Демироски: Ние Египќаните иако сме во далеку подобра положба од таа во која сме биле 1990 година, нашата борба продолжува и натаму

Почитувани мои сонародници Египќани
Денес е 24 јуни , Денот на Балканските Египќани.
Токму на овој ден во 1990 година во Охрид се одржа Оснoвачкото Собрание на нашата прва организација која прв пат донесе кревање на гласот на нашиот народ во Охрид и се слушна за нас дека постоиме и дека си го бараме нашето место во општеството.
Од тогаш до денес поминаа 32 години, во кои продолжи борбата на Египќаните за рамноправност и би рекол слобода, напиша на својот ФБ профил советникот Арбен Демироски Бено.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Денес по 32 години од овој ден, ние Египќаните имаме политичари,
✅️Имавме пратеник во Собранието на Р.М
✅️Членови на комисија на влада за Образование , ✅️Култура и Анкетна комисија за човекови права.
✅️Советник на Премиер за мултикултурно општество.
✅️2 мандати имаме советник во градскиот совет Охрид.
✅️Претседатели и заменици на Управни одбори,
✅️членови на Управни одбори,
✅️членови на надзорни одбори,
✅️Претседатели на урбани заедници
✅️Членови на урбани и месни заедници
✅️Претседател на комисија за месна самоуправа.
✅️Член на комисија за Урбанизам
✅️Член на комисија за осбележување празници и доделување награди и признанија на град Охрид.
✅️ Член на статурна правна комисија во Општина Охрид
✅️10 Невладини организации во цела Македонија.
✅️Политичка партија на која претседател е Египќанец,
✅️Експерт во Совет на Европа за национални малцинства,
✅️Експерт во ОБСЕ и ОДИХР за национални малцинства ,
✅️Амбасадор на Мирот,
вработени во јавната админситрација,
✅️Како и приватни фирми кои успешно работа во бизнис секторот,
✅️Член во Националниот Младински совет во Македонија.
✅️Млади Египкани кои се сеуште ученици и остваруваат врвни резултати во своето образование влијание врз одлучувањето од јавен интерес во градот Охрид, и што е најважно имеме ГОЛЕМА СВЕСТ за тоа кои сме и што сме и некогаш силно, а некогаш мудро и пополека се спротиставуваме на сите влијанија кои одредени центри ги имаат врз нашит народ.
Но иако сме во далеку подобра положба од таа во која сме биле 1990 година, нашата борба продолжува и натаму. Денес сме свесни дека се отвора можноста конечно Египќаните да влезат во преамбулата на Уставот на РС Македонија и да бидиме и ние конститутивен народ, со сите права кои произлегуваат од тоа при вработувањата и другите бенефиции.
🥂 Уште еднаш нека ни е честит 24 јуни, борбата ни е чесна и исправна и продолжуваме напред!

извор: ФБ Арбен Демироски Бено

фото:Архива