АктуелноОхрид

Полицијата во домот кај Охриѓанец пронајде оружје и куршуми кои нелегално ги поседувал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44  годишен  од Охрид поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нареба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ловечка пушка, една воздушна пушка, една пушка „Црвена Застава“ и 30 куршуми различен калибар кои нелегално ги поседувал.

извор: СВР

фото: Архива