Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа упатувам најискрени честитки по повод 24 јуни-Меѓународниот ден на балканските Египќани.
Со својата традиција и култура, оваа заедница е многу значаен дел од мултикултурниот мозаик на Охрид и несебично дава придонес во сите сфери на општественото живеење, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Во духот на различноста и меѓусебното почитување продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и соживот со една заедничка цел, а тоа е подобра иднина за нашиот град и нашата држава.
Се надевам дека во иднина заедно ќе успееме да креираме напредни политики кои ќе обезбедат еднакви прави и можности за сите граѓани.
извор: ФБ Кирил Пецаков – Градоначалник на Охрид
фото: ФБ Кирил Пецаков – Градоначалник на Охрид