Во Охрид, на потегот кај Центарот за обука на вода, 33 дена ќе се одвива едукација и концертен настап во балет за деца од 4 до 18 години. Организатор на настанот е интернационалното балетско училиште „Булфрогс балет“. Училиштетот е препознатливо по уникатниот пристап кон балетското образование, каде секој кој има интерес да се изразува креативно има шанса да го оствари тоа.
Тимот на „Булфрогс“ секоја година продуцира најмалку една балетска претстава според високи сведстки стандарди, поттикнувајќи ги своите ученици да се стремат кон совршенство. Преку различните програми кои што ги нуди училиштето ќе се придонесе за физичкиот, емотивниот и индивидуалниот развој на учениците.
Предвидено е да се одржат бројни културно – уметнички настани и работилници кои ќе бидат отворени за посета и учество на сите граѓаните. Целта на настанот е збогатување на културната програма за деца и малди во Охрид.
фото: Охрид 1