Денес управниот одбор на ЈП Градски Пазар Охрид со 3 гласа ЗА изгласа точка во која се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица .
20тина години во Охрид само едни исти лица добиваат тезги , па истите тезги ги препродаваат со многу повисока цена на трети лица т.е на вистинските продавачи на бижутерија ,храна , пченки и друго .
Од денес веќе не ќе може добиената локација да се префрли на трето лице или да работи друго лице на локацијата а победникот на наддавањето да не се појавува односно да го продаде на друго лице.
Со денешната одлука на Градски Пазар сето тоа се забранува и доколку не се почитува оваа одлука – веднаш ќе му биде одземено правото на користење на урбаната опрема.
Оваа одлука е разочарувачка за т.н. ” бизнисмени” кои заработуваа на грбот на обичниот работник кој заработува од продавање пченки ,бижутерија и др.
Овие “бизнисмени” веќе не ќе можат локацијата која вреди 15.000 денари да ја препродаваат за 30.000 или 40.000 денари.
Во целост соопштението на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР.
извор: ohridvest.mk