Во период од 1-ви јули до 31 август годинава се забранува изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид. Оваа забрана важи за просторот под улица „Туристичка“ до Eзерото и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над улица „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс Св. Наум.
Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член 62 од Законот за Локална самоуправа и член 83 од Статутот на Oпштина Охрид.
општина Охрид