АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ Струга: Сакаме средување на хаосот и бараме тоа да се случи веднаш!

Откако општина Струга стана Швајцарија, а ние како граѓани не можеме да се соземеме од културолошкиот и економскиот прогрес, заслепени од сјајот и чистотата на градот, од културата на секој агол и преполните џепови заборавивме како изгледаат дупки на асфалтот.
Вака би кажал секој малоумник кој нема врска со реалноста, затоа што дупките станаа синоним за градот. И, не! Не се само патиштата во прашање, ами и нашите деца почнуваат да ги добиваат – од забите на бесните кучиња донесени од кој знае каде.
Каква е користа од таква локална власт❓
Нарцисоидни потпросечности кои со цинизам му се обраќаат на гласачкото тело и преполни со суета, од која пукаат на секоја критика која им е упатена.
НЕСПОСОБНИ СТЕ❗️❗️❗️
Ова се однесува буквално на сѐ и на секој еден што има каква било врска со вас. На корумпираните чиновници, на толкувачите на законите, на чуварите на редот и мирот, на инспекциските служби, на надзорните тела и така до бескрај.
Тоа што го очекуваат граѓаните од вас, и вашите гласачи и оние небитните, е да работите во нивниот интерес. Никому веќе не му е до малоумни шеги.
САКАМЕ СРЕДУВАЊЕ НА ХАОСОТ И БАРАМЕ ТОА ДА СЕ СЛУЧИ ВЕДНАШ❗️
Ова не е наредба или нечија лична желба. Тоа ви е должност❗️
На крај, само мало потсетување. Кога сте општествено одговорна личност најпрво треба да се грижите за луѓето околу вас, па потоа за себе.
Никако поинаку❗️
-велат во ФБ објавата од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.