среда, ноември 20, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охрид СОС „удри“ и по Преспа форумот, трошеле струја, давале пари за маркетинг агенции и субјекти узурпатори

Утрово од како заврши „Преспа форумот“ ( на кој присуствуваа претседатели, министри и делегации на повеќе земји, меѓу кои и претставници на САД како највлијателна држава на светот, ) се огласи Охрид СОС.
Од таму пишуваат дека се трошела електрична енергија за организација на настанот, а секако коментираат дека се трошеле и пари за организација на настанот кај субјекти кои биле узурпатори, и секако дека се трошело на маркетинг и ПР за некој таму да , како што напишале „чита препишани говори“.
Преспа форумот го врати Охрид на дипломатската мапа на Европа, а во Охрид прсутни беа над 500 медиумски куќи од Балканот и целито свет.
Постот на Охрид СОС го пренесуваме во целост:
ИРОНИЈАТА
Сè дури седат и трошат електрична енергија и други ресурси за вакви настани, блокираат цел град и околина, дури читаат однапред напишани говори и учтиво се смешкаат колку да помине настанот, даваат огромни пари на маркетинг агенции и други субјекти за организација (меѓу кои е и еден од најголемите уништувачи и узурпатори на Охрид), наместо онаму каде директно се потребни – сè ова ќе е само формалност, која ќе помине за три дена, а ликот во средината (кој ја врши функцијата министер) ќе се врати на зделките со дрвокрадците, со малите хидроцентрали, ќе одобрува дозволи за каменоломи, ќе дава согласност за многу други погубни практики. Не им е целта одржлив и климатски неутрален регион, туку сосема спротивното.
За жал, сите ЕУ амбасади, особено, ги толерираат и замижуват пред овие уништувачки пориви на „зелените“ од ДУИ. Се чини дека залудни биле сите оние средби на кои нè барале да присуствуваме, залудни се сите информации и стравувања споделени со сите нив, кога во реалност нема никаков ефект нити подобрување, нити каков било реален притисок кон носителите на јавни функции во Македонија. Испаѓа дека сме само дел од одредена агенда, кога ќе доаѓаат навака, да пополнат термин.
Можеби уште попоразително е што во името на форумот стои Преспа, која е тотално заборавена и од министерството за животна средина и од мноштво други институции. И од албанска и грчка страна исто така. Препуштена да пропаѓа како регион. Додека тие уживаат во благодетите на климатизирани простории и полни софри. Деновиве сме сведоци и за влошената состојба на Дојранското Езеро, заради прекинот на хидросистемот за полнење. Жално, поразително.
ФБ Охрид СОС