Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.
На 20.06.2022 (понеделник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-4 „Воска“.
Урбана заедница – 4 „Воска„ го завзема најголем дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. “Бистрица”, од Запад река “Даљан”, од Север булевар “Туристичка” – клучка, и од Југ “Охридско Езеро”, реката “Грашница”.
Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните УЛИЦИ: ул.“Гоце Делчев” – од бр.231 до крај и од бр.252 до крај пресек со ул. “Бистрица”, ул.“Хаџи Мустафа” – дел, ул.“Бистрица”, ул.“Васил Стефоски” – дел, ул.“Шар Планина”, ул.“Никола Петров Русински”, ул.“Сатеска”, ул.“Мичо Гилиќ”, ул.“Трајче Трајчески”, ул.“Распаќе”.
општина Охрид