Протоколарна средба, денес оствари градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со неговиот колега, градоначалникот на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа.
На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно – историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно провмовирање.
Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за ЕРАЗМУС + програмата и за размена на искуства.
општина Охрид