Поројните дождови ја исфрлија целата нечистотија која ние граѓаните ја оставаме зад себе.И покрај редовното чистење на атмосферските и канализационните системи нашите вработени сеуште се справуваат со последиците од невремето.Повторно апелираме граѓаните да внимаваат каков отпад депонираат во канализационите системи, само на тој начин можеме да спречиме вакви појави, информираат од ЈП Нискоградба Охрид.