АктуелноОхрид

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Ботун, едно лице загина

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска кај селото Ботун.

– На 15-ти јуни околу 02:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: Архива