АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Градот на браќата Миладиновци доби нов мурал

Уште еднаш заедно со нашите партнери и соработници оставаме пример за Струга и вложуваме во нови генерации кои ги разбираат различностите, ја сакаат заедницата и сакаат да бидат дел од нејзиниот развој.
Низ долгиот процес на учење за мултикултурализам, радикализација и креативни алатки како дел од проектот “Мултикултуралиам и радикализација – нови пристапи кон старите проблеми”, го одржавме последниот финален настан во заедницата.


Младите кои беа дел од проектот, процесот со заокружија со покривање натписи со говор на омраза и цртање на нов мурал посветен на Браќата Миладиновци.
Goran Ristovski ги водеше низ процесот на цртање, Лидија Мојсо им помагаше да направат видео запис кој ќе го промовираме наскоро, N.U. Centar za kultura “Braka Miladinovci” – Struga не поддржаа технички во процесот, а „Паткари“ ни се придружија за поддршка.
Проектот е спроведен во соработка со NEXUS Civil Concept Civil Concept и Horizon Civitastas, а поддржан е од Civica Mobilitas.

 

Фото ФБ Аква Здружение