Убава глетка со распослана природа, пејсажно зеленило. Сето тоа би било уште поубаво кога некој би вложил сосема малку труд за расчистување на истекот на водата со цел да не доаѓа до затнување и поплавување на оваа природна убавина.
Кога навремено преку целата година би се чистеле насобраните лисја во истекот на коритото од овие извори тогаш нема да доаѓа до ваквата појава.