Викендов Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид учествуваше на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „Софија Опен 2022 “ во соседна Бугарија, учество на овај престижен натпревар зедоа 310 натпреварувачи од 48 клубови од 10 земји.
На овај натпревар под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, боите на клубот а воедно и на Македонија ги бранеа тројца натпреварувачи , Европските вицешампиони, Давид Крстески, Христијана Парулеска и Елена Јанеска. Конкуренцијата беше голема и квалитетна,учествуваа многу европски и светски освојувачи на медали. Нашите натпреварувачи натпреваруваа во две дисциплини форми (борба со замислен противник) и борби (спаринг). Покрај тешката конкуренција на борилиштата , најтешко беше со судиите, но нашите шампиони ги оправдаа нашите очекувања и не израдуваа со 2 златни и 3 бронзени медали.
Елена Јанеска , која пред неколку дена влезе во повозрасна категорија (јуниорки 16-17 години – 64 кг) , иако најмлада во нејзината категорија успеа да освои бронзен медал, каде патот до финале и беше запрен од актуелната Европска шампионка во таа категорија Ивет Василева, која воедно и го освои првото место во таа категорија.
Христијана Парулеска се закити со два медали, осовјувајќи
Златен медал во борби , женски кадети 11-13 години -45 кг бронзен медал во форми за црвен појас женски кадети 11-13 години
Давид Крстески истотака се закити со два медали, осовјувајќи
Златен медал во борби , јуниори 14-15 години -6 0 кг бронзен медал во форми за црн појас I дан јуниори 14-15 години
Христијана Парулеска до златото имаше три борби, додека Давид Крстески имаше пет борби, водејќи битка и со судиите како Давид и Голијат, сепак на крајот повторно се искачија највисоко на пиедесталот.
После овие историски успеси треба да бидеме горди, што имаме врвни натпреварувачи кои не го користат мотото дека е важно само да се учествува, туку се оди , се дава се од себе и по секоја цена да се победи , за да можеме сите да се радуваме . За сите овие незаборавни моменти и успеси, најзаслужен е нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ , вели тренерот Марјанчо Лазаревски, кој користи прилика да изрази најголема благодарност до нив.