АктуелноОхрид

Советничката Косаркоска со став околу препукувањата на власта и опозицијата

Советничката Деса Косаркоска коај е од редовите на СДСМ преку ФБ изнесе свој став околу градбата на патеката, кој не е ист со онај на СДСМ и е адекватно критичен кон ВМРО ДПМНЕ.
Косаркоска и на самата седница покажа доза на неслагање со ставот на СДСМ, кога од место додека зборуваше Живка Ангелкоска, дофрлуваше дека кога ќе е готова патеката нејзе да и се купело пони точак бидејќи само таков знаела да управува.
Постот во целост:
Голема чест претставува да ја добиеш довербата од граѓаните на твојата општина и да ги претставуваш во Советот на градот. Токму поради тоа, како советници е потребно да бидеме искрени и добронамерни во своите дискусии, да покажеме високо ниво на анлитичност и разбирање на работите и никогаш да не ги генерализираме нештата и да ги доведуваме во заблуда граѓаните. Пред нив да се исправиме чесно, а меѓусебе да не дебатираме без аргументи и со иронија и ароганција. Кога веќе сме станале советници, сигурно имаме капацитет, но и право да формираме свое аргументирано мислење.
Да разбереме дека ништо не е статично, работите и условите се менуваат, а ние треба секогаш адекватно да регираме во Советот и тоа да биде секогаш во интерес на граѓаните и без да ја замаглуваме вистината.
Се дигна голема прашина за Велосипедската патека.
Денес, на 12-та Седница на Советот на Општина Охрид, ВИСТИНАТА е дека проектот Велосипедска патека до Св Стефан не се повлече, туку дека се пренаменија од предвидените 3 000.000 денари, 2. 500.000, а за проектот во овој период се реализираат 500.000 денари за изготвување на проектна документација ( стручно – нематеријални вложувања, долгорочни). Оној дел од велосипедската патека кој требаше да поминува помеѓу двете ленти на автопатот Охрид-Св. Наум се повлекува, односно нема да се гради поради опаснос од несреќи.
Лоша проценка. Но нели сите кои работиме и грешиме? Битно е да нема последици од тие грешки. Ќе се работи на нова траса до Св. Стефан. За тоа треба време, Така беше обелоденето од локалната власт. ЕТЕ, ТОА Е ВИСТИНАТА почитувани граѓани.
Препукувањето помеѓу себе не е продуктивно.
Да почекаме како ќе се одвиваат работите. Ќе следиме, ќе контролираме. Тоа ни е и задача како советници. Ќе прашуваме.
PANTA REI.! Само живи и здрави да сме заедно со татковината.🇲🇰
***
СЕКОГАШ ќе бидам за вистинито информирање на граѓаните со сета моја почит кон нив! 🤲
-пишува во ФБ објавата на советничка Деса Косаркоска.