НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.
Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.
Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.
Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
НУ Библиотека – Охрид