петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш изборОхрид

Виктор Василевски и Стефан Бошкоски се новите имиња кои од следната година ќе ги бранат боите на ГРК Охрид!

Василевски застанува на голот како кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Доаѓа од Голден Арт, а има настапувано во сите категории и за РК Металург. Бошкоски кој игра на центарската позиција доаѓа по одличните игри во Јехона во првата лига, а пред тоа има настапувано и за ГРК Гостивар, информираат од ГРК Охрид.