АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Општина Охрид со реакција на соопштението од ОО СДСМ – Жална е глетката на СДСМ Охрид деновиве

Жална е глетката на СДСМ Охрид деновиве. Безидејни, огорчени, исфрустрирани и
јадни…Фактот дека Охрид се развива, фактот дека се излегува во пресрет на
граѓаните и им се помага, фактот дека Охрид се менува кај нив предизвикува
болка која ја манифестираат со критика дури и на проекти кои имаат хуман
карактер.
Фрапирани сме од нивната критика која ја упатуваат на сметка од проектот кој е
од хуманитарен карактер и има за цел да се излезе во пресрет онаму и кај оние
сограѓани на кои тоа ќе им биде најпотребно.
Незамисливо е за било кој, да не поддрши хуманитарна акција особено кога се
однесува за негов сограѓанин.
Охриѓани тоа од поодамна го почуствуваа и на изминатите локални избори го
манифестираа тоа чувство, затоа СДСМ Охрид се таму каде што се денес, во
опозиција, безидејни, огорчени, исфрустрирани и јадни.

 

Одделение за односи со јавност
Општина Охрид