Навистина не сме изненадени и не нѐ чуди аматеризмот на советничката Живка Ангелоска којашто беше во врвот на претходната Локална власт, но и воопшто на СДСМ кога станува збор за разбирањето на точките на дневен ред на Советот на Општина Охрид.
Но што да се очекува кога залудно потрошија четири години и ништо не сработија во интерес на охриѓани!
Велосипедската патека Охрид – Свети Стефан ОСТАНУВА, ПОТЕНЦИРАМЕ ОСТАНУВА, во Програмата за развој на уредување на градежно земјиште, и токму 500.000 денари се предвидени за изработка на техничка документација на проектот кој потоа треба да премине во следна фаза на реализација.
За волја на вистината СДСМ и Ангелоска никогаш нема да разберат што значи изработка на проект, подготовка на документација и реализација затоа што охриѓани беа сведоци на нивната неспособност и неработа.
Јавно има да ги поканиме советничката Ангелоска и СДСМ, па ако имаат малку доблест ќе се појават на отворањето на за нив „нереалниот“ проект.
Не велосипедската патека, туку СДСМ замина во заборав и опозиција поради сите нивни фамозни ветени и нереализирани проекти за охриѓани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид