АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Хуманитарна спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Три дена не делат од „главната трка“ по Кеј „Македонија“ од х. Палас до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“  во Охрид, со која ќе започне големата хуманитарна спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“. Спорт, едукација, дружење, забава, хуманост и многу награди ќе бидат обележје на овој настан кој во организација на Црвен крст Охрид, во партнерство со Стоматолошкиот центар Др.Баткоски, а со поддршка на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“, и Сојузот на училишен спорт од Охрид ќе се реализира на градскиот плоштад Св.Климент Охридски во Охрид на 11.06.2022 (сабота) со почеток во 11 ч.

Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 50 денари. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Секој кој ќе купи учеснички број ќе има можност да се натпреварува во бројни спортски дисциплини: фудбал, одбојка, ракомет, бадминтон, шах, пикадо, возење велосипед, аеробик и друго, и станува потенцијален добитник на награда во големата наградна игра со преку 50 вредни награди (петдневен престој на Златибор, петдневен престој во Крагујевац, петдневен престој во Суботица, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др.) кои ќе бидат извлекувани во живо на една од локалните телевизии..

Организаторите на оваа хуманитарна спортско-рекреативна акција најавуваат многу изненадувања и ги повикуваат охриѓани и гостите да бидат дел од овој настан.

Повеќе детали за овој настан, организаторот и партнерите ќе изнесат на ПРЕСС средбата закажана за 09.06.2022 (четврток) со почеток во 11 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

 

 

Црвен крст Охрид