АктуелноОхрид

Охрид станува прва општина која воведува хуманитарни паркинзи

Општина Охрид е хуманитарна општина. Со овој потег се остаруваат ветувањата на градоначалникот Кирил Пецаков кој ги даваше во предизборието дека ќе се грижи подеднакво за сите граѓани.

ЈП „Билјанини извори“ воведува хуманитарни паркинзи. Точката „Предлог-одлука за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид“, на денешната седница на совет помина кај градските избраници. Против гласаа советниците од СДСМ и Левица.

Што се тоа хуманитарни паркинзи?

Директорот на ЈП „Билјанини извори“ за Охрид 1, Теодор Андоновски, вели дека средствата кои ќе се соберат од хуманитарните паркинзи, ќе се доделуваат на социјално загрозени семејства од Охрид во консултација со надлежните институции кај кои се регистрирани овие лица.

„Драго ми е што оваа точка помина на Советот на Општина Охрид. Започнуваме со две паркинг места во ЗОНА А, со надеж дека следната година истите ќе се прошират и во други зони. Паркинг местата ќе бидат соодветно обележани, па така граѓаните ќе знаат дека средствата од нивното паркирање, ќе одат за хуманитарни цели. Сега, откако  точката помина на совет убрзано го средуваме техничкиот дел, а тоа значи дека овие места ќе бидат издвоени како нова зона, па треба да се среди поточно дополни во софтврскиот дел, ова е потребно за средствата од паркирањето да се издвојуваат веднаш“, вели Андоновски.

Извор: Охрид 1

фото: Охрид 1