АктуелноНаш изборНаш Избор

Дизелот од полноќ поскапува за 2,5 денари

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар по литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари, а  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 110 денари за литар, а 112 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 102 денари, а Естра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 99,50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,868 ден/кг и килограм ќе се продава за 55,508 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени е за 1,30  проценти во однос на одлуката од 3-ти месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179 проценти, кај дизелот за 1,697 проценти, кај екстра лесното масло за 1,673 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 0,482 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009 проценти.

 

24инфо