АктуелноОхрид

Приведен Охриѓанец кој се заканувал со дрвен предмет и агресивно се однесувал кон вработени во казино

На 06.06.2022 година во 05.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид е лишен од слобода  Охриѓанец, кој  претходно во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани со дрвен предмет кон вработените. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР

фото: Архива