АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

На празникот Вознесение вознесен нов крст во Рајчица

Полека го затворивме кругот на пасхалното веселие, носејќи го во срцето споменот за Христовото пребивање на земјата после Воскресението. Тоа Неговото реално присуство ни е силно сведоштво дека не е јалова нашата надеж и дека своето спасение сме го изградиле на непоклатен камен. А сега, веќе нова радост ги исполнува нашите души, радост налик на онаа од апостолите додека Го гледале својот Господ како во слава се вознесува на Небото. Радост, малку таговна, бидејќи иако постојано е со нас, сепак си заминува од нас, за да ни го подготви патот кој води кон Неговото Царство. А ние, како и апостолите, остануваме со надеж да Го чекаме слегувањето на Утешителот што ни Го вети, Светиот Дух, Кој по Својата милост ни Го дарува нам, на Неговата Света Црква.

Токму затоа немаше попогоден миг од овој, за подобно на нашиот Господ, да го издигнеме во висините и Неговото победничко знамение – крстот и со него да ги утврдиме основите на рајчичкиот храм на Победоносецот, за да биде силна потпора на сите Христијани во овој крај и моќно вразумување за противниците на Крстот Негов.

Спомнувајќи си за длабокото значение на денешниот настан, нашиот сакан старец и владика г. Партениј, кој на голема радост на сестринството и присутните верни, со топла татковска љубов чиноначалствуваше на празничната Литургија, ни ја утврди надежта во срцата, дека иако привремено си замина од нас, Господ го доврши до крај нашето спасение; ни даде сè што ни е потребно, за да го минеме богоугодно патот на овој живот и да се приопштиме кон вечноста која беше отсекогаш подготвена за нас:

 

Бигорски манастир