Uncategorized

Николоски: Седум години владата на СДСМ и ДУИ не стави ни метро асфалт на Охрид-Кичево, оваа влада ќе го заврши во рокот

За година и половина завршивме 37 км и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју на поткастот „Риштази”.

-Проблемот е на претходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. Факт е дека седум години владата на Зоран Заев на СДСМ и ДУИ, тој проект не го работеше. Од причина што тие решија политички да го напуштат, нели отвораа и судски процеси и така натаму. И ние не можеме да преземаме одговорност за седум години од претходната влада, Кога бевме избрани, метро асфалт немаше на Охрид Кичево. Успеавме за година и некаде шест месеци, значи вкупно 18 месеци имаме активна работа, предходно ни требаше период да проучиме и да видиме кај сме, сега завршивме 37 километри, што е огромно достигнување. Така што според мене, на Охрид – Кичево велам дека се работи година и пол. Претходно не се работело. Едно е да се работи, па да не се заврши, друго е да воопшто не се работи. Така што овие година и половина на Охрид – Кичево покажува дека ние сме многу сериозни и дека многу сериозно ги водиме проектите и тоа е најдобар доказ дека ги завршуваме и проектите кои што се после нас, истакна вицепремиерот Николоски.