АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на силниот турнир „3 Гран При Зворник 2022“

Викендов што доаѓа Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ кој е најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко, каде што го имаат пријавено своето учество повеќе земји.

Нашиот клуб ќе настапи под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан.

На овај натпревар  одлучивме боите на клубот а воедно и на Македонијада ги бранат 20 натпреварувачи , од кои 5 редовни натпреварувачи а 15  дебитанти кои се надеваме дека добро ќе не претстават иако конкуренцијата е голема, вели Марјанчо Лазаревски , кој користи прилика да  изрази најголема благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој e најзаслужен за нивното учество на овај престижен натпревар,а и за сите нивни учества на најпрестижните турнири како и за нивните огромни успеси.

Исто така од клубот го најавуваат нивниот турнир “ОХРИД ОПЕН 2022”,кој е меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир  и ќе се одржи на 25 јуни 2022  во СРЦ „Биљанини извори“, каде ќе имаме можност да ги гледаме нашите натпреварувачи  и да уживаме во убавините на овој атрактивен спорт/