Како просветен работник, македонист и голем поддржувач на пишаниот збор особено ми е драго што Охрид е домаќин на поетскиот караван од петтиот фестивал на поезија за деца ,,Стихувалки”.
Од мое лично име и од името на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид упатувам најсрдечни честитки до организаторите на оваа литературна манифестација која е единствена од ваков вид во Македонија и дава значителен придонес во афирмација и промоција на авторите на детска поезија наменета за најмладите.
На сите родители, воспитувачи и учители им упатувам порака да ги поттикнуваат и мотивираат дечињата да другаруваат со стихозбирките и книгите од најрана возраст. Само така се придонесува за подобар емоционален израз и поттикнување развој на многу умствени способности кои се важни за подоцнежните училишни достигнувања.
Посакувам уште многу успешни фестивалски изданија, многу нови автори и нови книги со поезија за деца како поетската збирка ,,Стихувалки 2022”, напиша во својата објава на ФБ, советникот Перчо Божиноски.