На овој голем ден ги чествуваме нивното извонредно епохално и просветителско дело и нивното огромно значење за Светот, за Европа, за Македонија и за Охрид изразено преку нивните големи мисии.
Создавајќи ја и проширувајќи ја глаголицата од Македонија, светите Кирил и Методиј старословенскиот јазик го трансформираа во првиот пишан јазик на кој е преведено Светото писмо и на кој се шири христијанството.
Со победата над тријазичниците, светите Кирил и Методиј ја заштитиле словенската мисија, го одбраниле словенското богослужение, словенската писменост и правото на секој народ да пишува и да му се моли на Господа на својот мајчин јазик.
Нивното дело треба да биде наша водилка, да бидеме горди на наследството, да си ги чуваме и почитуваме македонскиот јазик и култура.
Нека ни е за многу години големиот празник Свети Кирил и Методиј!
-напиша во својата ФБ објава советникот од ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиноски.
Притоа заедно со пратеничките во македонското Собрание положи цвеке пред споменикот на Светите браќа во Охрид.