АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Делото на св.Кирил и Методиј треба да биде наша водилка, да бидеме горди на наследството, да си ги чуваме и почитуваме македонскиот јазик и култура

ОК на ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј. Во честитката се вели:

На овој голем ден ги чествуваме нивното извонредното епохално и просветителско дело и нивното огромно значење за Светот, за Европа, за Македонија и за Охрид изразено преку нивните големи мисии.
Создавајќи ја и проширувајќи ја глаголицата од Македонија, светите Кирил и Методиј старословенскиот јазик го трансформираа во првиот пишан јазик на кој е преведено Светото писмо и на кој се шири христијанството.
Со победата над тријазичниците, светите Кирил и Методиј ја заштитиле словенската мисија, го одбраниле словенското богослужение, словенската писменост и правото на секој народ да пишува и да му се моли на Господа на својот мајчин јазик.
Нивното дело треба да биде наша водилка, да бидеме горди на наследството, да си ги чуваме и почитуваме македонскиот јазик и култура.
Нека ни е за многу години големиот празник Свети Кирил и Методиј!

извор: ОК ВМРО ДПМНЕ
Фото: ОК ВМРО ДПМНЕ