АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Три лица се повредени во тешката сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Три лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа меѓу три возила што попладнево се случи на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на планинскиот превој Буково.

Повредените се префрлени во Општата болница – Охрид и во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Полициски екипи вршат увид на местото на незгодата, поради што сообраќајот беше во прекин, а по 15 часот е нормализиран во двата правци.

СВР Охрид