АктуелноОхрид

СДСМ: Мнозинството изгласа наплата на паркинг на крак на „Македонски Просветители“

Наместо отпочнување со реализација на предизборно ветените проекти за изградба на катни гаражи од страна на Пецаков и ДПМНЕ, владеачкото мнозинство во Советот предводено од ВМРО ДПМНЕ донесе Одлука со која на ЈП,, Билјанини Извори” му отстапи на користење паркинг простор на ул. ,,Македонски Просветители” кон пресекот со ул. ,,Абас Емин”, се вели во објавата од ОО СДСМ Охрид.
Во објавата од СДСМ додаваат:

Со оваа одлука свесно доделија уште една нова овбрска на товар на граѓаните !!!
Дали светлата иднина која ја ветуваше Пецаков и ДПМНЕ за охриѓани ќе ја градат со узурпација на јавни површини за паркинг простор ?! Или можеби целта ги оправдува средствата – дополнителен приход од граѓаните во касата на ЈП ,,Билјанини Извори” ⁉️

За потсетување, на претпријатието пред два месеци му беше отстапен на користење и паркинг просторот зад општината, но до ден-денес јавното претпријатие нема направено ниедна активност да го адаприра просторот и да ја започне наплатата.

Вакви парцијални избрзани одлуки не само што не го решаваат проблемот со паркинг простор во градот, туку предизвикуваат уште поголем сообраќаен хаос.
За да се врати сјајот во градот според перцепцијата на ВМРО ДПМНЕ и Пецаков, а согласно досегашната динамика на одлуките на владеачкото мнозинство во Советот тешко дека ќе остане улица во поширокото градско подрачје без узурпиран простор за паркирање.