петок, март 29, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Во прекин сообраќајот на „Јадранска магистрала” и на патот Охрид-Ресен

Поради одрон на камења на коловозот на „Јадранска Магистрала” после првиот тунел, сообраќајот е во прекин во двата правца.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 14:04 часот.

Поради сообраќајна несреќа, од 13:40 часот во прекин во двата правца е и сообраќајот на патниот правец А3 Охрид-Ресен.

 

АМСМ