АктуелноОхрид

Охриѓанец предизвикал вербална караница која преминала во тепачка па пукал со ловечка пушка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој, на 22.04.2022 година, во куќен двор на улица „130“ во Охрид предизвикал вербална караница со жител од Охрид, која прераснала во тепачка. Притоа, пријавениот од својот дом земал ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола и во воздух испукал еден куршум.

извор: СВР Охрид
фото: Архива