вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за вршење јавен превоз на патници без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во охридското село Долно Лакочереј, против сопствениците и управителите  како и против  -возач во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

При контрола извршена на 08.05.2022 година, полициските службеници, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, сопреле автобус со охридски регистарски ознаки, сопственост на правното лице, управуван од пријавеното лице. Притоа, констатирале дека тој нема лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.