четврток, ноември 14, 2024
АктуелноОхрид

Лице кое управувало мопед удрило во пешак

На 19.05.2022 во 16.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми ноември“, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од (19) од Охрид, удрил во пешак  на возраст од (53) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо“ – Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

 

СВР Охрид