АктуелноОхрид

Советничката од Левица се префрли да седи кај СДСМ – пука коалицијата, ќе поднесат ли оставки во урпавните одбори ?

Советничката од Левица Виолета Аврамоска на денешната седница, седна во редовите каде седат советниците од СДСМ и другите опозициски партии. Аврамоска неколку седмици во јавноста се препукува со ВМРО ДПМНЕ, со кои е во коалиција и како резултат на тоа има делегирано луѓе од Левица во повеќе управни одбори.
Дали дојде крајот на коалицијата меѓу Левица и ВМРО ДПМНЕ ќе се знае по почетокот на денешната седница, а по социјалните мрежи веќе се коментира дали Левица ќе е вистинска опозиција и нејзините членови ќе си заминат од Управните одбори каде се поставени и земаат хонорари, или ќе продолжат да земаат пари од колаицијата, а во јавноста ќе ја критикуваат власта за да собираат поени ? !