АктуелноОхрид

Советникот од Левица Аврамоска бара ревизија во Јавните Претпријатија

До Државниот завод за ревизија, по електронски пат,советникот на ЛЕВИЦА во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, поднесе Барање за ревизија за следните Јавни претпријатија во Охрид:
– ЈП ,,Водовод” Охрид
-ЈП ,,Комуналец”Охрид
-ЈП ,,Билјанини извори” Охрид
-ЈП,,Градски пазар” Охрид

Поднесеното барање е поради поднесените извештаи од споменатите Јавни претпријатија во Охрид, за нивното работење во периодот од 01.01.2022год.- 31.03.2022година, од кои евидентно е дека овие четири ЈП и понатака работат со загуба, се вели во соопштението од Левица. Во истото од партијата додаваат:

Сметаме дека е неопходно да се изврши ревизија со цел да се утврдат причините за тоа, бидејќи, последиците за неуспешното раководење со Јавните претпријатија, ги плаќаат вработените, со одлуки од страна на раководителите за неколку месечен принуден одмор со 70% плата, додека од друга страна се реализираат нови вработувања, велат од Левица.

извор: Левица

фото: архива Охрид 1