петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Советникот Демироски со јавно изнесен став по прозивката од советничката од Левица

Бидејќи советничката од Левица ме прозива јавно и ме обвинува заради моето доцнење , сметам дека треба јавно да ја кажиме вистината каква е, а таа е следна:
Точно е дека јас задоцнав на заседанието на комисијата за Урбанизам, но сепак дојдов и гласав ЗА – за да се легализирет објектите.
Додека јас гласав ЗА легализациите на објектите ( на кои граѓани чекаат со години ) Советничката од Левица, гласа воздржано и со тоа не се обезбеди мнозинство гласови, за граѓаните кои чекаат легализациај со години, да ја добијат чеканата лекализација.
Граѓаните на општина Охрид треба да знаат дека јас дојдов, потребен број присутни се обезбеди за да можеме да ги изгласаме легализациите, но Виолета Аврамоска од Левица, гласајќи воздржано ги остави нив без легализација на објектите и истите не поминаја на комисија.
Зошто таа не кажала како ќе гласа во тие 30 минути додека ме чекаа јас не знам и не ми е јасно зошто ги терала сите да ме чекаат, кога можела да им каже дека нема да гласа ЗА легализации и да се знае дека нема да се има мнозински број гласови.
Аврамоска треба да се воозбили, да се однесува сериозно и да има почит кон советниците, но да е и чесна кон граѓаните кои ја гласаа, а таа не гласа за легализациите кои им се толку потребни на десетици и стотици охридски семејства, напиша на својот ФБ советникот Арбен Демироски.