четврток, ноември 14, 2024
АктуелноОхрид

НАЈНОВА ВЕСТ: СДСМ Охрид повторно сака да отвори портал

СДСМ Охрид на состанок којвчера се одржал во партиските простории донеле одлука да отворат веб портал, преку кој ќе се афирмираат кадрите на партијата во Охрид и ќе се напаѓа локалната власт на ВМРО ДПМНЕ – дознава „Охрид 1“ од извори во огранокот во Охрид.

Како што дознаваме порталот е планирано да го води еден познат поранеше новинар, кој има и свој портал, но на него од само на него познати причини не го напаѓал и критикувал локалниот владеачки естаблишмент.

Неофицијално, планирано е порталот да има национален концепт и име, и да не се врзува за Охрид туку да дејствува фронатлно со текстови за цела држава.

ПОРТАЛОТ ГО ПЛАНИРАЛЕ СО ГОДИНИ – ДО СЕГА НЕ НАПРАВИЈА НИ ЕДЕН ЛАЖЕН ПРОФИЛ

СДСМ Охрид за овој портал коваа планови и порано, но до сега не го реализираа. Планови да отвори портал правело и претходното раководство на партијата, но до реализација никогаш не дошло. На состанокто кој се одржал на оваа тема од поедини членови било посочено дека ваквите најави се претворени во фантазии кои никако да се остварат, а на претседателката и било кажано дека тие како паритја до сега не успеале еден лажен профил на ФБ да направат , а не пак портал.

фото: Охрид 1