Со упорна работа и план депонијата во Буково која секое лето гореше во поголеми, а во остатокот од годината во помали размери речиси е угасната
Депонијата од оваа година има нов оператор , форма од Битола , но има и нов раководител, поранешниот директор на гробиштата, и актуелен советник Ванчо Костоски.
“За една недела веројатно ќе го доуништам и последното жариште што гори. Останатите се угаснати, ама со паметен пристап и механизацијата која ја донесе новиот оператор од Битола ќе го решиме целосно проблемот со пожарот кој трае со години.” – Вели Костоски.
Во меѓувреме на депонијата се поставени и соларни панели кои произведуваат струја за камерите кои ја снимаат депонијата.
Ванчо Костоски е првиот директор кој уште пред две години постави соларни панели за производство на струја во охридско јавно претпријатие.
Естаблишментите од СДСМ немаа баш големо разбирање за овие идеи, а некои од “паразитите” поставени од таа власт дури јавно му се смееја и го напаѓаа на ФБ.