АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Како славеа фубалерите на Воска по историското второ место – газда Нефи „леташе“ во воздух

Екипата на Воска Спорт ќе игра во баражот за првпат во својата историја. Тимот одигра реми кај Силекс (1-1) и ја одбрани предноста во однос на Вардар, објави gol.mk.

Еден бод остана разликата меѓу охриѓани и „црвено-црните“ по крајот на сезоната. Така, Вардар останува второлигаш и догодина. Воска по историскиот успех славеше заедно со газдата Нефи Усеини кој заврши на рацете на фудбалерите и леташе во воздух.

Воска Спорт ќе го добие ривалот во баражот на ждрепка, а натпреварот ќе се игра на 22 мај.

извор и видео: gol.mk.