АктуелноОхрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и градежниот факултет од Скопје

Градоначалникот, Кирил Пецаков и деканот на  Градежниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје проф. д-р  Златко Србиноски, денеска во Охрид  потпишаа меморандум за соработка.

Според потпишаното двете страни  се обврзаа на развој на стратешки документи, студии, анализи и трансфер на знаење од областа на градежништвото, хидротехниката, геодезија и геотехничкото    инженерство.   Соработка во реализација на заеднички проекти од различни сфери на интерес на двете страни и нивно аплицирање  пред домашни, европски и други фондови за финансирање на проекти. Организирање и реализација на практична настава  и овозможување на кариерно  унапредување за студентите  од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Градежен факултет. Стипендирање на студенти  од прв и втор циклус  на студии чие поле  на интерес е во делокругот  на работа на втората страна потписничка. Соработка при дефинирање  на теми за дипломски, магистерски  и докторски трудови  во рамките на образовниот процес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Градежен факултет, а кои се во интерес  на потписниците. Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош. Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти. Организирање на тркалезни маси и размена на искуства.

Според  потпишаниот Меморандум , активностите и соработката не предизвикуваат никакви финансиски импликации  и ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички.

 

општина Охрид