АктуелноОхрид

Mеѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ во Охрид

Под покровителство на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, а по повод одбележувањето 75 години од основањето, Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Охрид од денеска до 18-ти мај ќе биде домаќин на Меѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“.

Преку пријавените 123 апстракти од страна на 202 автори од вкупно 21 земја, верувам дека ќе се придонесе од оваа научна конференција да се направи своевиден пресек на образовните актуелни случувања во Македонија, а ќе се актуелизираат и нови прашања и теми од областа на педагогијата и образованието. Секако тие ќе резултираат и со препораки, кои ќе бидат од голема важност преку нивното интегрирање во образованите политики во земјата за исполнување на визијата за поквалитетен воспитно-образовен систем. На конференцијата се очекува присуство на 200 учесници – ректори, градоначалници, универзитетски професори, декани, професори, педагози, наставници, воспитувачи и студенти, информираат од Институтот за педагогија.

Целта на конференцијата, како што посочуваат, е афирмација и промоција на нашата дејност пред пошироката академска јавност, како и создавање можност за продлабочена соработка со универзитетски професори, образовни експерти, истражувачи, едукатори, практичари и студенти од различни земји.

 

 

МИА