АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Транспортен авион на американската војска слета во Охрид

Транспортен авион на американската војска слета на  аеродромот„Св. Апостол Павле“ во Охрид. Америка е наш  сојузник и голем пријател на Македонија.

Инаку на Охридскиот аеродром изминатиов период можевме често да видиме транспортни  авиони кои беа  дел воената вежба „Брз одговор 22“ од НАТО. Ова беше најголемата воена вежба што досега се реализирала во Република Македонија. На истата учествуваа околу 4.600 војници од 8 држави – членки на НАТО: САД, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија, Грција и земјата домаќин Република Македонија. Операцијата се изведува на армискиот полигон Криволак. Се додека траеше вежбата охриѓани имаа честа можност да ги гледаат авионите како го прелетуваат градот.