АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ Струга: Во ставката репрезентација за градоначалник за четири години потрошени се околу 140 илјади евра

Советниците од владеачката коалиција СДСМ и ДУИ во континуитет секоја година го гласаат буџетот на Општина Струга во кој во вкупната ставка на име репрезентација предвидуваат околу 5.000.000,00 денари (околу 80.000,00 евра).
Само во ставката репрезентација за градоначалник во годишниот буџет кој сложно го гласаат, предвидуваат износ од 3.000.000,00 денари (околу 50.000,00 евра). Од оваа ставка репрезентација за градоначалник за четири години се потрошени околу 140.000,00 евра.
Исклучок не е ни актуелната 2022 година, кога во услови на огромна економска, енергетска и здравствена криза, граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
ВМРО-ДПМНЕ преку советничката група постојано бара да се намалат овие непродуктивни расходи, но со тоа не се согласува мнозинството во советот.
Во време на пандемијата советничката група од ВМРО-ДПМНЕ предложи низа економски мерки кои имаа за цел да го помогнат приватниот сектор и социјално ранливите категории на граѓани, кои требаше да се обезбедат преку кратење на непродуктивните трошоци меѓу кои и трошоците за репрезентација, но и тогаш советниците од локалната власт не ги поддржаа тие мерки, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Стругаа, стои во објавата на ФБ од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.